Политички обвинувања за кадровските смени во РЕК Битола и РЕК Осломеј
Foto

Политички обвинувања за кадровските смени во РЕК Битола и РЕК Осломеј

Разрешувањата на првите луѓе на РЕК Битола и Осломеј предизвикаа низа реакции. 

Откако државната ЕСМ на местото на досегашниот директор на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, и досегашниот директор на Осломеј, Златко Пиперковски – ги назначи Пеце Матевски и Стојан Мицкоски – и денеска реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Велат во период кога земјата се соочува со ризик од рестрикции на струја потребни се професионални кадри за водење на енергетски капацитети во државата. 

„Скоро 40 милиони евра државата ќе плати за месецов што измина затоа што РЕК Битола нема јаглен, а хидроакумулациите се празни и не произведуваат струја. Струја која сега е платена и купена од увоз од домашните капацитети можела да се произведе за цена и до 5 пати поефтино“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од ЕСМ со контраагрументи – назначените  директори на РЕК Битола и Осломеј се докажани професионални кадри.  

„И двајцата се назначуваат на позициите в.д. директор затоа што во изминатиот период ги искажале своите работни способности во услови на кризни ситуации и услови кои бараат брзо, соодветно и стручно реагирање, и дале значаен придонес во работниот и производниот процес на РЕК Битола и РЕК Осломеј“ - велат од ЕСМ.

Смените доаѓаат по низата хаварии и потфрлањето на домашно произвотсво на струја, како и немањето доволно јаглен на депониите за домашно производство. 

Од државната енергетска компанија најавија и други кадровски поместувања во комбинатите за да се подобри на процесот на производство и да се соочат со енергерстката криза. 

Владата на 9-ти месецов прогласи кризна енергетска состојба во траење од 30 дена, со цел финансиски да им се помогне на енергетските компании.

Надлежните вчера повторија дека нема да има рестрикции на струјата за домаќинствата, но и дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година.

0 Коментари

Остави коментари