Политичка бомба на Никола Димитров: Не му верувам на Османи во преговорите со Бугарија, ме тргнаа заради моите позиции во спорот

Со оваа изјава Никола Димитров објаснува зошто не е дел од идната влада на Ковачевски, за кого вицепремиерот вели дека нема искуство во надворешната политика.

На крајот на својот ангажман во владата Димитров вели дека му е должност да го запали алармот за преговорите со Бугарија за како што вели да се спречат лоши и недостоинствени решенија. Вицепремиерот го посочи и човекот во кој директно нема доверба во процесот.

Разликите во преговорите со Бугарија помеѓу Димитров и владата кулминирале на два пати. Вицепремиерот не сакаше да открие дали во несогласувањата имало и можни идентитетски отстапки за да не наштети на процесот, и вели разликите биле за преставувањето на Македонскиот јазик во ЕУ или за преговарачката рамка и улогата на историската комисија. Димитров вели дека имал и понуди да биде тргнљат на страна на престижна функција но тој одбил.

Димитров повтори дек било какво решение за Бугарија треба да оди преку собранието. Државава не треба да отспапува во однос на Бугарија доколку од другата страна нема отстапка додава Димитров и вели дека е време државата да не придава толку многу значење на преговорите со Софија, туку владата да се сврти кон доашните проблеми и реформи.

Вицепремиереот на крајот посочи дека одговорите кои земјава ги пратила во Бугарија се усогласени во владата и решение базирано врз нив би било достоинствено. Никола Димитров ќе продолжи да делува во јавноста, дали преку партија или друга форма уште не е решено.