Полициските возила ќе регистрираат сообраќајни прекршоци и таму каде што нема „Безбеден град“
Министерот Тошковски посочи дека полициските возила ќе овозможат контрола на брзината и на локациите каде што нема поставено камери, бидејќи возачите веќе ги препознаваат местата на кои функционира „Безбеден град“.
Полициските возила, како што вели, ќе бидат подвижни и нивната локација нема да може однапред да се предвиди, а регистрираните прекршоци директно ќе се внесуваат во дигиталниот систем за нивно евидентирање и процесирање
До крајот на месецов треба да заврши воведувањето на системот „Безбеден град“ во СВР Струмица и градовите што ги покрива овој сектор, по што системот ќе биде имплементиран и во СВР Штип
Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе регистрираат сообраќајни прекршоци и на местата каде што не е поставен системот „Безбеден град“.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во контролите ќе бидат вклучени голем број полициски возила, кои ќе детектираат прекршоци и кога се паркирани и кога се во движење.

