Полицискиот синдикат алармира: Новите возила завршуваат кај командири и началници, не на терен
Новите 120 службени полициски возила повторно во голем дел завршија помеѓу командирите и началниците, наместо на терен каде што е најмногу потребно, реагира Полицискиот Синдикат. Тие во писмена реакција до Министерот Тошковски алармираат на ваквиот начин на распределба, кој, како што велат, со години е пракса во МВР.
03.01 (распределбата е оставена) – 03.18 (најреална потреба)
Мартин Ефремов, Претседател на Независен синдикат на полицијата
За жал, оваа пракса во државата ја имаме со години наназад без разлика какви ресурси ќе се набават и истите не стигнуваат до работникот кој треба да биде сликата на полицијата, а во овој случај тоа е обичниот полицаец, посочува Ефремов.
ТВ 24 праша и во МВР, дали и како Министерството ќе реагира по укажаната состојба од страна на Синдикатот, точно ли е дека возилата всушност не стигнуваат на терен до полициските службеници, кој ја врши прераспределбата на возилата во Секторите за внатрешни работи и дали тоа некој го контролира?
МВР
- Ве известуваме дека новите возила се распределени во организациските единици низ државата со цел да придонесат за поефикасно извршување на секојдневните полициски задачи, побрза интервенција на терен и зголемено присуство на полицијата. Не се вистинити тврдењата дека возилата се користат само од раководителите на организациските единици, туку напротив истите постојано се користат според потребите на надлежните организациски единици.,
Инаку, сите Сектори за внатрешни работи во земјава добиле по 10 нови службени возила.

