Полицискиот час воведен за време на викенд стапи на сила
Foto

Полицискиот час воведен за време на викенд стапи на сила

Владата донесе одлука за време на викендите да се воведе забрана за движење на целата територија на државата од 16:00 до 05:00 часот, со цел да се спречи ширење на корона вирусот. Улиците на Скопје се празни, а согласно одлуката, сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, се прилагодија на новите ограничувања за движење и го завршија работниот процес  до 15:00 часот. 

Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила. Одлуката Владата ја донесе на својата 28-ма седница, одржана на 25 март, во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19. 

Полициските патроли го контролираат спроведувањето на полицискиот час, а доколку некој не ја почитува мерката согласно законот ќе биде казнет.

0 Коментари

Остави коментари