Полициски протест: Минималец за полицаец

Со гласна музика и транспаренти „Минималец-полицаец“, „Ако не нема нас - кој ќе ве штити вас?“ и „Многу ви се 2 отсто доверба“ членовите на независниот синдикат на полицијата  протестираа.

Марширајќи од судовите кај „Мавровка“ па се до Судскиот совет, тие побараа повиосоки плати но и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови. Порачаа и дека полицајците не се службеници од втор ред.

„Во различни градови во државата, судовите кажуваат дека на едни полициски службеници треба да се исплати повеќе плата а во скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме, така ќе му дојде. Затоа што со овие пресуди колегите имаат наплатено и веќе е докажано дека нивната плата е под минималната а за жал скопските судови вцелат дека тоа не следува. Тука има огромен револт, големо неуедначување а платите во полицијата е многу едноставно да ги пресметате со самото тоа што трегба да го помноижите бодот односно висината на бодот со бројот на бодови што ги имаме.  Полициски службеник има од 550 бодови па нагоре значи стартува од 550 бода а бодот во моментов во МВР е 35, 47 ден.“ - Мартин Ефремов, претседател на независен синдикат на полицијата.

Владимир Литовски, помошник генерален секретар на НСП, вработен во судска полиција, им порача на сите судии да ги чуваат својот интегритет и интегритетот на судството, така што ќе судат по закон. Тој рече и дека за безбедност не се штеди.

„Сакам да порачам до министерот за правда, за финансии и министерот за социјална политика и демографија, законот за судска служба што е веќе изготвен, да го остават така како што е и во најбрз рок да го испратат до Собранито на гласање, за да можат судските полицајци за првпат да добијат бенифициран стаж и да не дозволиме колеги од 62,63,64 години во судовите да се грижат за безбедност, а на таа возраст - се знае колку може некој да ја работи оваа наша професија.“ = Владимир Литовски, помошник генерален секретар на НСП.

Од МВР   велат дека незадоволството кое е изразено на денешниот протест на Независниот синдикат не е насочено кон Министерството туку кон постапувањето на одредени судови. Оттаму додаваат и дека постојано работат на унапредување на стандардите на полициските службеници.

- МВР постојано работи на унапредување на стандардот на полициските службеници и постојано сме во разговори со сите полициски синдикати и заедно се предлагаат и прифаќаат решенија за унапредување на статусот. Такви идеи и предлози веќе сме имплементирале во Колективниот договор меѓу МВР и Синдикатот на полициските службеници кои ги користат имплементираните придобивки. Дијалогот со сите синдикати ќе продолжи. - МВР.

Доколку не се прифатат нивните барања,  од Синдикатот најавија и дека ќе ги известат сите братски синдикати од Балканот и Европа, како и сите амбасади и европски институции.