Финансиската полиција во координација со МВР од рано утринава спроведува голема полициска акција во скопското село Љуботен поради основи за сомнение за кривично дело криумчарење на акцизна стока и царинска измама.
Неофицијалните информаци се дека акцијата е за сузбивање на шверц на тутун.
Селаните се револтирани, па го изнесоа тутунот надвор. Припадници на МВР се повикани за асистенција.
Од Финансиската полиција најавија повеќе информации во текот на денот.
0 Коментари