Полицијата во САД уапси 25 мигранти на границата со Мексико, ги растеруваа со солзавец
Foto

Полицијата во САД уапси 25 мигранти на границата со Мексико, ги растеруваа со солзавец

Полицијата во САД со солзавец ги растера мигрантите на мексиканската страна од границата во Тихуана, за да спречи да ја поминат оградата.

Мигрантите, меѓу кои имало жени и деца, но и новинари, се наоѓале близу на местото на инцидентот. Мигрантите за тамошните медиуму рекле дека на границата дошле со караван мигранти од Хондурас.

Американската власти соопштиле дека солзавецот го испукале затоа што мигрантите фрлале камења и спречувале агенти да им помогнат на децата кои ги префрлале преку бодиликава жица.

Најмалку 25 мигранти се уапсени.


0 Коментари

Остави коментари