Полицијата влезе на „Онкологија“, приведени четирилица, меѓу нив и екс директорот Нино Васев

Oд Универзитетската клиника за онкологија утринава се приведени од полицијата за скандалот со препорадажба на лекови кој го истражува обвинителството. 

Информацијата ја потврди економскиот директор на клиниката, кој рече дека освен овие тројца, полицијата ја барала и секретарката на поранешниот економски директор, но таа не била на работното место. 

Според неофицијални информации, меѓу приведените е и поранешниот еконмски директор. Од обвинителството само кусо информираа дека извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица, но без да отркијат повеќе детали. 

Дел од приведувањата се одвивале и на самата Клиника пред пациентите кои  кои дошле за терапија или преглед. Пациентите вознемирени од случувањата на онкологија. Медицинската директорка уверува дека и покрај настаните, Клиниката функционира нормално и без застој за пациентите.

Јавното обвинителство во септември отвори предистрага за Клиниката за онкологија, по објавите дека дел од вработените правеле малверзации со  терапијата наменета за онколошките пациенти. Беа одземени копјутери и медицински досиеја на пациенти, а првичните наоди како што соопштија претходно од обвинителството упатуваат на сомнежи за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на онколошката клиника.