Полицијата трага по 14-годишно девојче од Скопје

Полицијата и денеска  трага по 14-годишното девојче, на кое вчера  му се изгуби трагата, откако во 7 часот наутро  заминало во училиште, во општина Центар во Скопје .

За исчезнувањето на девојчето на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка Вања.

Мајката во разговор за Канал 5 информираше дека телефонот на нејзината ќерка бил исклучен веднаш откако таа се упатила кон училиштето „Песталоци“. Потоа, класниот раководител ја информирал дека девојчето не е дојдено на настава, а од нејзиниот дом до училиштето имало само 7 минути пешки.

Од полицијата информираа дека МВР ги вклучи сите капацитети на СВР Скопје на највисоко можно ниво извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камерите, а истрагата продолжи интензивно и ноќеска.