Полицијата се уште трага по напаѓачите на Љупчо Палевски Палчо
Foto

Полицијата се уште трага по напаѓачите на Љупчо Палевски Палчо

Не стивнуваат реакциите на партиите, но и јавноста за случајот во кој вчера беше нападнат и претепан претседателот на движењето Трета и активист во партијата „Глас за Македонија“ Љупчо Палевски во близина на неговиот дом.

Партиите и денеска преку соопштенија и реакции бараа сторителите да бидат најдени и соодветно казнети. Од опозициската ВМРО ДПМНЕ откако вчера се огласи на Ф.Б и лидерот на партијата Мицкоски денеска во реакцијата наведуваат .

„Сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта.“

Од владејачката СДСМ пак уште вчера се огласија но и денеска додаваат: 

„Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани. Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата.“

Ваквиот чин го осудија и од партијата на Палевски, „Глас за Македонија“, Левица, и Демократскиот сојуз од каде бараат час поскоро надлежните да го расчистат насилството кое се случи вчера во сред бел ден на улица. 

Од МВР пак во краткото соопштение велат работат на случајот но и дообјаснуваат: 

„Случајот беше пријавен вчера околу 17 часот . Пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна на две лица кои биле со моторцикл и со употреба на метален предмет го нападнале Љ. П.Се работи на расчистување на случајот.“

Палески по вчерашниот напад - денска е во добра здравствена состојба и веќе се споделуваат слики од болницата во која е хоспитализиран.

На јавноста и е познат по тоа што откако беше пуштен на слобода од притвор во Србија , во Македонија, преку својата активност беше критички настроен кон власта и кон работата на поранешниот прв човек на службата за државна безбедност во МВР Сашо Мијалков.

Тој објавуваше и неколку пати материјали за чувствителни државн и политички афери познати во јавноста.

0 Коментари

Остави коментари