Полицијата приведе 35-годишник осомничен за опожарените возила и дуќан во Куманово

Кривичните дела против општата сигурност на луѓето и имотот се позачестени во држвата. Сторителите на дејствијата бираат најразлични методи за да испратат некому или на некого одредена порака.

Палењето на возилата се само дел од сценариото на сторителите во кои најчесто тоа е против функционери од различни политички структури - затворите не беа исклучок каде беа запалени автомобили.

Ваквите кривични дела се регулирани со Кривичниот законик, најчесто преку Членот 288. За неполни 12 месеци во државата се регистрирани вкупно 71 кривично-правен настан поврзан со опожарување патнички возила. 

Гледано по подрачја, состојбата е следна:

СВР Скопје-44 (најмногу на подрачје на ПС Бит Пазар-девет, потоа по седум на подрачјата на ПС Кисела Вода, Ѓорче Петров и Чаир, шест на подрачје на ПС ОН Драчево, три на подрачје на ПС Карпош, две ПО Петровец и по едно на ПС Аеродром,  ПО Арачиново и ПО Сарај), 

СВР Битола - осум (на подрачје на ПС Прилеп-пет и три ПС Битола), 

СВР Охрид - седум (ПС Охрид и ПС Струга- по три и ПС Кичево-еден),

СВР Струмица - три (ПС Гевгелија, ПС Струмица и ПС Валандово), 

СВР Велес-два (ПС Велес и ПС Кавадарци), 

СВР Штип-два (ПС Виница и ПС Штип) 

СВР Тетово два (ПС Тетово) настани, 

СВР Куманово - три (ПС Куманово),

Последниот случај на запалени автомобили и деловен објект е во Куманово, сторителот го „избрал“ јавниот обвинител, Џелал Бајрами но и на советникот во Советот на општина Куманово, Фитор Јакупи – и двајцата припаѓаат на политичката партија на ДУИ. МВР го расчисти случајот, министерот Тошковски вчера изрази сомнеж дека дејствието е резултат на добро организирана група. Денеска МВР информира дека за настанот  го лишиле од слобода 35 годишен кумановец. 

По преземени мерки од полицијата поднесени се осум кривични пријави за сторени 11 кривични дела „предизвикување општа опасност“, против 12 сторители. За останатите случаи, во тек се мерки за нивно расветлување, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Покрај овие кривични дела, ако се види збирната анализа за вкупен криминалитет за периодот од 2010 до 2023 година може да се забележи изобилство на најразлични кривични дела. Најизразита година е 2013 со вкупно 30.365 регистрирани кривични дела со регистрирани 18.311 сторители, додека пак 2023 година вкупната бројка на регистрирани кривични дела изнесува 19.668 а како сторители на дејствијата се јавуваат 13.977 сторители. 

Во делот на кривични дела од организиран криминал, 2015 година е рекордер со 342 кривични дела сторени од 466 сторители, додека помала е бројката во 2017 година со 101 кривично дело од областа на организиран криминал во кои биле вклучени  193 сторители. 

Во 2022 година дури 662 кривични дела  биле извршени од деца а додека следната година бројката се намалила на 594 извршени кривични дела од деца. 

Во 2022 година дури 937 деца се пријавени како сторители, а во 2023 година 911 деца.