Полицијата го уапси напаѓачот кој пукаше во Борис Мутков - Фантом
Foto

Полицијата го уапси напаѓачот кој пукаше во Борис Мутков - Фантом

Полицијата го уапси напаѓачот кој синоќа, околу полноќ, пукаше во Борис Мутков познат под прекарот Фантом.

Според МВР се работи за 23 годишен осомничен. Во полицијата било пријавено дека на влез во с. Бардовци било пукано кон Мутков, кој се движел со возило „мерцедес“ по што тој е пренесен во болница.

Според информациите возилото на Фантом било изрешетено, а тој не бил во животна опасност. Борис Мутков беше еден од оние граѓани кои на 27 април влегоа во Собранието, поради што беше осуден на условна казна затвор.

0 Коментари

Остави коментари