Полицијата ги засили контролите на мотоциклистите и електричните тротинети

Полицијата спроведе засилени сообраќајни контроли во Скопје и Куманово, при што изрече вкупно 396 казнени мерки за прекршување на сообраќајните правила. 

Во регионот на Скопје, за време на шестчасовна операција, изречени се 326 казни , од кои 92 се за возење мотоцикл без заштитен шлем. Евидентирано е и кривично дело за „невнимателно возење“, а едно возило е запленето поради сомневања за технички неправилности.