Полицијата апси разузнавачи
Foto

Полицијата апси разузнавачи

Во полициска акција доцна попладнево МВР упаси неколкумина уценувачи на скопски бизнисмен кои со лажно изготвени кривични пријави изнудувале пари од нив.

Ниту скопското обвинителство ниту полицијата не ги потврдуваат но не ги ни демантираат информациите дека меѓу уапсените се и еден разузнавач, вработен во АНБ и еден амнестиран маж во судскиот случај за настаните од 27 април.  

Според неофицијалните информации на ТВ 24 уапсените го лажеле бизнисменот дека против неговата фирма се води истрага и за сума од 5000 евра можат да средат истрагата да биде затворена.

Соменвајќи се во наводите скопскиот бизнисмен пријавил во полиција и обележани пари му дал на еден од уценувачите кој во истиот момент е уапсен.

0 Коментари

Остави коментари