Полицајка од Кочани тепала и киднапирала колешка од Штип

Вработена во полицијата во Кочани доби кривична пријава за противправно лишување од слобода, откако, според наводите на МВР, физички нападнала и насилно задржала своја колешка.

Настанот се случил на 13 септември 2025 година. Според МВР, откако ја внела во возилото, осомничената почнала да ја удира својата колешка и не и дозволувала да излезе и да си замине. Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола најави и дисциплинска постапка против полицајката.