„Поларен“ бран во Македонија: Поплавени градски и локални патишта, куќи и земјоделско земјиште
Поплави, свлечишта затворени патишта. Обилните врнежи ја парлизираа дел од инфрастуктураат во Македонија, а голема земјоделска површина тоне во вода.
На истокот од земјава излеана е оризарска река, затворен е локален пат во Демирхиарско поради оштетување на мост, а одрони го блокираа патот кон месноста Бањиче во тетовско. Невремето, ја замати водата за пиење во Крушево, а поплави и ниви и домови во битолско, ресенско, струшко и охридско
Прогнозите велат дека студениот бран ќе продолжи со снежни врнежи и силен ветер чиј интензитет ќе биде најголем во западниот дел од земјава. Од Министерството за транспорт и врски велат дека сите патишта во државата се проодни и сообраќајот се одвива непречено и покрај обилните снежни врнежи. Но, снегот веќе предизвикува проблеми во шарпланиските села
Од УХМР очекуваат зголемување на снежната покривка на повисоките места и над дваесетина сантиметри
Дирекцијата за заштита и спасување деновиве со полни раце работа. Се извлекуваат заглавени возила, а се успумпуваа големи количини вода од поплавени објекти и дворови.

