Пол-позиција за Хамилтон во Германија, катастрофа за Ферари
Foto

Пол-позиција за Хамилтон во Германија, катастрофа за Ферари

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на контроверзна квалификациска сесија на „Хокенхајмринг“ во Германија. 

Иако беа најбрзи на сите три тренинзи досега, болидите на Ферари отпаднаа од трката по првото стартно место поради чудни и ненадејни дефекти.

Себастијан Фетел не дојде до шанса да извози ниеден летечки круг и уште при првото загревање мораше да се повлече во боксот, поради недостаток на моќ во моторот. Затоа ќе стартува 20-ти, десет места зад тимскиот колега Шарл Леклер, кој делуваше конкурентен се до третата квалификациска сесија. Во неа, едноставно излезе од болидот и воопшто не го изнесе од гаражата, правејќи ја задачата на Хамилтон полесна од обично.

Британецот од Мерцедес ја оствари 87-та пол-позиција во кариерата пред Макс Ферстапен на второто место, Валтери Ботас на третото и Пјер Гасли на четвртото. 

Прв меѓу останатите беше Кими Раиконен од Алфа Ромео, а зад него завршија Грожан, Сајнц, Перез и Хулкенберг.

Со оглед дека Хамилтон ќе стартува со медиум гуми, а Ферстапен до него со, на хартија побрзите, меки, се очекува борба на утрешниот старт, кој е закажан за 15 часот и 10 минути, со директен пренос на Телевизија 24.

0 Коментари

Остави коментари