Пол-позиција за Фетел по пауза од 17 трки
Foto

Пол-позиција за Фетел по пауза од 17 трки

Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата за трката за големата награда на Канада, поставувајќи нов рекорд на патеката во последните секунди од квалификациите. Фетел извозе 1.10.240 престигнувајќи го Хамилтон кој водеше цела трета сесија, а беше најбрз и во втората. Трет ќе стартува вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, а Даниел Рикардо од Рено е изненадувањето на четвртото стартно место.

Петти е Пјер Гасли, Ботас, кој имаше извртување во последната сесија е дури шести, а квалификациите не му беа наклонети на Макс Ферстапен, кој ќе тргне од 11-тата позиција.

Причина за тоа е излетувањето на Кевин Магнусен во втората сесија, што предизвика прекин, но и предвемен крај за неколку возачи. Фетел ја прослави 56. пол-позиција во кариерата и прва по пауза од 17 трки, односно Хокенхајм 2018-та Трката се вози утре од 20 часот, со директен пренос на телевизија 24.

0 Коментари

Остави коментари