Пол-позиција број 92 во кариерата на Хамилтон и 150-ти старт од првиот ред
Foto

Пол-позиција број 92 во кариерата на Хамилтон и 150-ти старт од првиот ред

Веќе не е прашање кој тим, туку кој возач од Мерецедес ќе ја освои пол-позицијата, а на „Каталуња“ денеска тоа беше Луис Хамилтон, петти пат на Големата награда на Шпанија, четврти сезонава и 92-ор во кариерата.

Оствари подобро време од Ботас за 59 илјадити делови од секундата, а далеку зад нив повеќе од седум десетинки Макс Ферстапен го освои третото место. 

Рејсинг поинт уште еднаш покажа дека е трет тим, барем во квалификациите, па Перез и Строл ќе стартуваат четврти и петти, по нив Албон. 

До десеттото место ќе се поредат Саинц, Норис, Леклер и Гасли, а Себастијан Фетел, со сите проблеми во Ферари за само две илјадитинки заврши единаесетти.

Во утрешната јубилејна, 50-та трка во Шпанија и 30-та на „Каталуња“, Хамилтон ќе влезе како лидер во генералниот пласман, со 107 бода, 30 повеќе од Ферстапен и 34 од Ботас.

0 Коментари

Остави коментари