Покрената истрага за едно лице од Арачиново за поседување оружје
Foto

Покрената истрага за едно лице од Арачиново за поседување оружје

Отворена истрага за едно лице од Арачиново поради поседување оружје. Осомничениот е дел групата која вчера, во голема полициска акција, беше уапсена на неколку локации во Скопје.

Од обвинителството го сомничат за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Поради опасност од бегство како и можност за влијание врз сведоци, се бара и притвор.

„Во својот дом во Арачиново осомничениот држел огнено оружје и муниција – еден полуавтоматски пиштол со калибар 9мм, еден полуавтоматски пиштол со две рамки, како и 41 куршум. Оружјето и муницијата биле пронајдени и одземени при претрес во неговиот дом.“ - се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

13 лица вчера беа лишени од слобода во полициска акција на неколку локации во скопје... Извршени беа претреси на 34 локации кај вкупно 32 лица во неколку населени места меѓу кои Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново.

Дел од приведените биле дел и од вооружениот инцидент кој пред неколку дена се случи во хотелот Александар Палас. Од министерството за внатрешни работи велат дека веќе е извршено вештачење на дел од одземените предмети а за останатиет постапката е во тек.

0 Коментари

Остави коментари