Покрај противењето на целата експертската јавност и фелата, Владата не се откажува од намерата да дава пари на националните телевизии
Првата фаза од законот за медиуми кој е во Собрание и има дозвола од ЕУ треба да се усвои до 17-ти месецов. За предложениот текст од 5те национални телевизии, пак за враќање на државните реклами се подготвува драфт верзија која ќе ги содржи забелешките од експертите и би требало да биде готова за околу две недели, тврди министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Без притоа да објави повеќе детали.
Според сега предложениот текст 75 проценти од колачот ќе отиде кај 5- те национални телевизии. Дополнително со предложениот текст, телекомуникациските и кабелските оператори на приватните национални телевзии треба да им плаќаат надоместок што ќе го утврдува Владата. Токму ова од страна на кабелските оператори беше оценето дека е противуставно и се смета за мешање во релации на два приватни субјекти, а дополнително велат се пушта во јавност во пресрет на парламентарните иззбори.
Изминатиот период за вака предложените решенија се организираа средби на кои беа испорачани бројни забелешки. Еснафскоото здружение ЗНМ откако оцени дека предложениот текст воопшто не е прифатлив соопшти дека нема да учествува во дебатата. Низа забелешки за предлог текстот испорачаа и екпертите кој за ТВ24 оценија дека предлозите за враќање на државните реклами на телевзиите, се косат со ЕУ директивите.
ТВ 24 пред извесен период побара од ресорното министерство да ги добие на увид забелешките доставени од екпертскиот тим – но оттаму не ги доставија со образлижение дека и натаму трае фазата нан нивно прибирање, а најавија и нови јавни дебати.
Последни реагираа од Институтот за развој на електронски комуникации. Велат додворувачки се владините измени на законот за медиуми.
„Дали Владата повторно сака да се умилкува кон телевизиите воочи можната предизборна кампања, со цел да не добие нов тивок бојкот од петте национални радиодифузери? Затоа, Институтот ги повикува сите засегнати страни да седнат на заедничка тркалезна маса и да се започне процес на донесување на целосно нов Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој ќе биде целосно усогласен со европските директиви и регулативи, но и ќе биде компромис на сите засегнати страни во Македонија.“
Власта уверува дека враќањето на јавните реклами нема да биде на начин како од времето на тогашниот премиер Никола Груевски кога државните реклами се сметаа за начин за корупција и влијание во медиумите.