Покетино сака да дојде во Манчестер јунајтед следното лето
Foto

Покетино сака да дојде во Манчестер јунајтед следното лето

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, е заинтересиран за соработка со Манчестер јунајтед кој го отпушти Оле Гунар Солскјер. Покетино им рекол на своите пријатели дека нема против да ги преземе „црвените ѓаволи“ по завршувањето на сезоната, објави „Тајмс“.

Четириесет и деветгодишниот Аргентинец е незадоволен од својата позиција во парискиот клуб, пишува „Дејли мејл“. Според британскиот весник, Покетино е уморен од тензиите во  соблекувалната на ПСЖ во која доминираат „егоистите“ Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Покрај тоа, тренерот се уште живее во хотелот, додека неговото семејство остана во Лондон, каде што претходно беше на чело на Тотенхем.

Манчестер јунајтед веќе размислуваше за кандидатурата на Покетино во декември 2018 година, пред назначувањето на Солскјер, кога бараше замена за Жозе Мурињо. На чело на Манчестер јунајтед во следните натпревари ќе биде Мајкл Керик.

0 Коментари

Остави коментари