Покачување на минималната плата на 27.700 денари предлага СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа
Минимална плата од 450 евра? - СДСМ ја фрли ракавицата, ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлогот. Преку законски измени поднесени во Собранието опозициската СДСМ предлага зголемување на минималецот на 27 илјади и 700 денари.
Ваквиот предлог според претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче доаѓа поради моменталната економска нестабилност и зголемените трошоци за живот. Решението е парадоксално и неприфатливо, одговорија категорично од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека нема да го поддржат решението за минимална плата од неколку причини.
И додека траат политичките препукувања граѓаните се приморани да преживуваат и да сврзуваат крај со крај. Велат, инфлацијата го “топи” семејниот буџет. 08325 – 00.03 (скапо е) – 00.09 (и немаа) + 00.16 (среќа е) – 00.19 (ќе праеме)
Минималната плата во Македонија во моментов изнесува 22.500 денари, сума што ја става земјава на дното по висината на минималецот, во споредба со државите од регионот.