Покачување на функционерските плати за уште 400 евра
Работната група на Владата работи на планот за намалување на платите, рече премиерот Димитар Ковачевски. На новинарско прашање каков е неговиот коментар, бидејќи од јануари и него, како на функционер, ќе му следува покачување на платата за уште 400 евра, премиерот изјави дека него нема да му се покачи платата од јануари бидејќи ќе биде во оставка.
„Мене нема да ми следува бидејќи јас на 28 јануари ќе поднесам оставка, согласно одлуката за настапување на техничка влада. А во однос на избрани и именувани функцционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер, за тоа има работна група која својот заклучок треба да го достави до Собранието и тоа да го даде последниот збор“, вели премиерот Ковачевски.
Европски сојуз за променa ИМ ПОРАЧАА - Малку им беше покачување на платите за 78 отсто, сега плус 400 евра а за граѓаните милостина.
„За функционерите малку беше покачување на платите за 78 отсто, сега плус 400 евра, а за граѓаните милостина од 2 илјади денари . Изнудувањето на народот во секоја можна форма е хронична болест на оваа власт. Без никаков срам ги лажат граѓаните и ги крадат. Сега кога се ближат изборите, власта почна предизборна кампања, манипулирајќи го народот со наводно антикризни мерки,“ - велат од Европскиот сојуз за промени.
Со одлука на Уставен суд функционерите од лани земаат повисоки плати за 78 проценти, наспроти нив голем број на синдикални работници излегоа на протести со барање и тие да добијат повисоки плати за 78 проценти.