Погребани жртвите од масакрот во училиштето во Белград

Србија се простува од прерано згаснатите животи. На вториот ден жалост, пет погреби во белград, пет погреби во Мали Орашај. Илјадници им одаваат почит на загинатие во двата крвави напади кои ја потресоа земјата.

Четири дена по масакрот, белграѓани продолжуваат да оставаат цвеќе и играчки пред училиштето Владислав Рибникар, каде 13 годишен ученик, вооружен со пиштоли и молотови коктели, уби осумнина соученици и вработен од обезбедувањето..На белградските гробишта, погребани четирите убиени ученици. Едно од загинатиет девојчиња, денеска требало да го прослави 14-от роденден.

На градските гробишта во Мали Орашај, погребани петтмината другари кои загинаа во крвавиот поход на нивниот сожител. Црковниот двор премал да ги прими сите кои дојдоа за последен пат да се поздрават од своите пријатели и другари. Опелото за младите момчиња го служеа 10 свештеници.

„Прекрасни деца загинаа. Вредни, добри ученици. Паметни, воспитани.“

„Страшна трагедија. Не можеме да си дојдеме при себе и се уште не ни се верува дека вакво нешто можеше да се случи.“ - изјави Драган Павловиќ жител на Мали Орашај.

Состојбата на дел од повредените во двата напади се подобрува, но неколкумина се уште се критични. Двајца ученици се пуштени дома а наставничката по историја ја чека нова операција. Лекарите загрижени за најтешко повредените пациенти.

„Тројца од нив се во навистина критична состојба. М.А. 2005 година, кој имал големи повреди на стомакот, С.Ј. кој има повреда на рбетниот столб и на кој му е извршена дренажа и во животна опасност се едно девојче во Тиршова и едно момче кое имало повреда на кичмата. Денеска се обидоа да го екстубираат, но тоа се уште нема да им успее. Кога ќе дојде до таква штета, потребно е долго време да се опорави. Девојчето има тешко оштетување на мозокот и прашање е како ќе заврши.“ - изјави Даница Грујичиќ министер за здравство на Србија.

Убиецот од Младеновац, 21 годишниот Урош Блажиќ, денеска е на распит во обвинителството во Смедерево. Српската полиција пак соопшти дека малолетното девојче кое на снимката на тик ток, го величеше масакрот кој го изврши 13 годишното дете, а се потсмеваше со убиството на осумтемина ученици и чуварот на училиштето во врачар е повиката на разговор.

Во Нови сад, полицијата привела три малолетника поради загрозување на безбедноста и предизвикување на паника. Тројцата ученици кои учеле во исто средно школо, на социјалните мрежи објавиле заканувачки пораки и фотографии од оружје кое наводно ќе го однесат на училиште. При претрес на станот на еден од нив, полицијата пронашла реплика од автоматска пушка.