Погребан Ѓорге Балашевиќ
Foto

Погребан Ѓорге Балашевиќ

Од капелата до гробницата, тамбураши свиреле негови песни- погребан е ѓорѓе балашевиќ во кругот на неговото најблиско семејство и бил испратен на вечно почивање без присуство на свештеник.

Само најблиското семејство било во поворката, како и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Љубљана.

На погребот свиреле неговите тамбураши, а една од песните била посветена за неговата сопруга Оливера. По погребот, фановите на балашевиќ оставаат пораки и цвеќиња на неговото вечно почивалиште.

Во Нови Сад 21-ви февруари, е прогласен за ден на жалост.

Ѓорге балашевиќ почина во петокот по кратко боледување од пневмноија. Веста за неговата смрт го потресе регионот, но една од најголемите причини е што тој не беше доживуван само како легендарен поет и кантавтор.

Неговиот траг кој го остави има политичко и општествено значење. Светските медиуми го опишуваат како културно наследство на регионот, со оглед на неговите космополитиски ставови, но и неговата храброст и борба да се спротивстави на национализмот не само во неговата земја, туку и генерално, на Балканот, како и неговите обиди, не секогаш успешни, да влијае на космоплитиските ставови и определби на многу генерации во балакнскиот буре барут.

0 Коментари

Остави коментари