Поевтино млеко и макарони
Од четврток граѓаните ќе конзумираат шпагети, макарони и млечни производи по замрзнати цени за 10 до 15 проценти. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска рече дека засега намалувањето е многу мало.
-Намалувањето е многу мало, но реакциите се позитивни дека на 16 март сите веќе ќе имаат намалени цените, според она што беше дефинирано. Секако на 16-ти производите ќе стигнат до цената која е зададена, не гледаме дека нема волја од другата страна.“-рече Битиќи
Според вицепремиерот, одлуките за замрзнување на цените не се носат за да се наштети некому, туку за доброто на сите граѓани. Од Даути комерц, како дистрибутери на тестенини велат дека одлуката ќе ја испочитуваат и дека за нив е прифатливе бидејќи се укинати царинските давачки.
Во најава е замрзнување на цената на оризот, шеќерот и јајцата, за што министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека се прават анализи и за тоа.
Претходно со владина одлука се замрзна лебот на 33 денари