Поевтин дизел од ноќеска, бензините со непроменета цена
Foto

Поевтин дизел од ноќеска, бензините со непроменета цена

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевитнуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,56 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,79 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 4,81 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 7,82 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,2594 денари за долар и е за 0,043 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

0 Коментари

Остави коментари