Подрумите на комплексот згради „Скопјанка“ се дават во фекалии

Смрдеа од фекалии кои се излеваат во работилници. Наталожени отпадни води во подрумски простории чии ѕидови се распаѓаат. Ваква е сликата во дел од комплексот Скопјанка, Општина Аердром. Отпадните води протекуваат, пукната канализација и често запушување на фекалните пумпи.

Водата стои со денови, со недели, со месеци и се шири реа, опасна реа, амоњакот што се ослободува го чуствуваме тој мирис меѓутоа не сме само ние засегнати туку засегнат е и целиот град. Затоа што и така имаме загаден воздух, ова придонесува уште повеќе да биде загаден ова е жива болест 

„Септичката јама, кога таа се преполнува, целиот систем веќе е врзан  низ садови и најлошо е кога таа се празни со пумпи  ја заглавува главната канализациона мрежа, градска ф500. Сите фекалии се враќаат назад према зградата всушност на подрумските простории и излеваат тука. - Владо Николовски станар.

Фекалиите во комплексот Скопјанка се сериозна закана по здравјето и квалитетот на  на жителите. Поради пукната цевка повеќе од една година  во подземите гаражи позади комплексот Скопјанка истекуваат фекалии.

И додека граѓаните се гушат во фекалии институциите си ја префрлаат одговорноста. Од Општина Аеродром, велат дека направиле инспекициски надзор во подземинте гаражи. Константирале дека тие не се надлежни. 

„Одржувањето на пумпата која е единствено за потребите на деловните субјекти е надлежност на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор  и за истото имаат донесено одлука.Инспекцијата на општина Аеродром писмено се обрати до ПУИК и побара да се придржуваат до своите прописи ( статут, правилници, одлуки ) и за истото да ги известат сите заедници на станари вклучени во ТЦ Скопјанка.“ - Општина Аеродром.

Од ПУИК велат дека се бара решение за фекалните пумпи, а канализационата цефка според претпријатието ја оштетил еден од спствениците на деловните објекти.

- Станува збор за самоволие изразено од страна на приватен сопственик на деловен простор во Скопјанка, кој неовластено, направил дупка во бетонот од каде е протечена фекална вода. Настанот во истиот момент е пријавен во Полициска Станица.За да се стават повторно фекалните пумпи во употреба, од наша страна, во име на сите субјекти, секојднево се бараат решенија. - ПУИК.

Жителите на комплесот Скопјанка остануваат во неизвесност, додека секојдневно се соочуваат со последиците од овој долгогодишен проблем. Тие бараат инта реакција од надлежните институции, со надеж дека конечно ќе превземат конкретни мерки за решавање на проблемот.