Подобра игра, но повторно пораз во Романија
Foto

Подобра игра, но повторно пораз во Романија

Одбојкарската репрезентација на Mакедонија претрпе пораз и на вториот контролен тест во подготовките за Eвропското првенство во септември. Сепак, од резултатски и од играчки аспект, забележа прогрес, бидејќи за разлика од вчера, попладнево ја мачеше Романија пет сета.

Вториот тест во крајова, македонските одбојакри го отворија со тесно освоен прв сет, 25-23. Добрата игра продолжила и во вториот период, со 25-20, сепак, домаќините успеале да се вратат и да изедначат на 2-2. Третиот сет резултирал со 25-18, а четвртиот ќе биде корисен во понатамошните анализи за тоа како не треба, бидејќи завршил со 25-10 за Романија.

Во тајбрејкот, домаќинот надвладеан со 15-12. Овој меч и вчерашниот пораз со 0-3, беа прва слика за играта на македонската репрезетнација по петнеделните подготовки во Маврово. Плановите на селекторот Никола Матијашевиќ се играта да станува поквалитетна како ќе се трошат наредните контролни средби, а ќе ги има уште шест.

Следен е двомечот со Австрија, наредниот викенд во Скопје, а потоа на 30 и 31 август доаѓа традиционалниот турнир „Чајка“, на кој ќе одиграме два дуела со некој од Белгија, Бугарија и од Украина. Подготовките ќе завршат со двата гостински меча со Австрија, на 6 и 7 септември, а веќе на 12 тој месец ќе почне ЕП, за нас со натпреварот против Финска. Во нашата група се уште и кодомаќинот Словенија, Русија, Белорусија и Турција.

0 Коментари

Остави коментари