Подносителите на интерпелацијата за Јовески го повикуваат Џафери да ја стави на собраниска седница
Албанскиот опозициски блок и денеска со директно прашање до собранискиот спикер Џафери зошто не ја свикува седницата за интерпелација на обвинителот Јовевски.
Пратениците од Беса, Алтернатива и Демократското движење Зендели Садики и Коџаџику директно покрај Џафери ги прозваа и Ахмети и Таравари зошто нивните пратеници не даваат поддршка за интерпелацијата и дали се плашат од Јовески додека како што велат Ахмети се обидува на секој можен начин да го амнестира Груевски.
За сега од кабинетот на Џафери се уште нема одговор а реакција нема ниту од обвинителот Јовески. Од обвинителството само кратко велат дека се запознаени за интерпелацијата која е во собраниска процедура и немаат што повеќе да додадат бидејќи си има деловник по кој работат народните избраници.
Интерпелацијата беше поднесена уште минатата недела и се чека претседателот на Собранието Талат Џафери да ја процесуира во во рок од 15 дена и да ја стави на дневен ред.
Она што е познато е и дека процедурата за изборот на Јовевски за уставен судија веќе со месеци е заглавена во собраниска процедура. Па во јавноста се наметнува прашањето дали Јовевски ќе биде воопшто избран за уставен судија со оглед на тоа дека мандатот му завршува во декември или ќе ја заврши кариерата како пензионер доколку не се обиде да добие уште еден мандат како обвинител.
Министерот за правда Кренар Лога неодамна најави дека во текот на месецов ќе почне постапка за избор на нов државен јавен обвинител. Сега се чека Собранието, на предлог на Владата, да распише оглас за јавен обвинител.
Според Законот за јавно обвинителство, огласот за избор на нов јавен обвинител Собранието треба да го огласи најмалку два месеца пред истекот на мандатот на претходникот или веднаш по испразнувањето на местото. Кандидатите за обвинителското столче имаат рок од 15 дена од објавувањето во „Службен весник“ да поднесат пријави.