Поднесено обвинение за „Еуростандард банка“

Поднесено обвинение против четири лица кои стојат зад пропаста на „Еуростандард банка“ и штета од над 27 милиони евра на сметка на доверителите. 

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги гони Трифун Костовски, неговиот син Коста Костовски, Николчо Петковски и Зоран Николовски за предизвикување на стечај и за несовесно работење во службата.

Петковски е првообвинет и тој како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, заедно со второобвинетиот Коста Костовски кој е претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот Зоран Николовски како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката. 

Трифун Костовски кој е претседател на Надзорниот одбор е четврто обвинет а Обвинителството го товари за несовесно работење.