ПОДНЕСЕНИ 6000 АМАНДМАНИ ЗА ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК – 5000 ОД ВЛАДЕАЧКАТА ДУИ

Над 6 илјади амандмани до сега се поднесени во законодавниот дом во врска со измените во изборниот законик од кои само 5 илјади се од коалицискиот партнер на СДСМ - ДУИ. ВМРО ДПМНЕ пак поднеле по 600 амандмани за двете законски решенија со кои се предлага една изборна единица и отворени листити. Ставовите на овие две партии се во насока на тоа дека не е време на неколку месеци пред изборите да се прават овие измени.

Пратеничката од ДОМ Лиле Поповска пак која е една од поднпосителите на овие измени за Изборниот законик на собраниската комисија за Политички систем денеска реагираше зошто точката не е ставена на дневен ред откако вчера на пленарна седница беше дадено зелено светло за тоа.

Владејачката СДСМ пак која исто така застана позади оваа иницијатива и денеска ги повикаа коалициските партнери од ДУИ, но и опозициската ВМРО ДПМНЕ да ги повлечат амандманите и да не ги оспоруваат демократските процеси, премиерот Заев пак оптимист дека на престојните избори ќе се настапи со нов изборен модел .

Пораките за повлекување на амандманите кои и денеска ги испрати владејачката СДСМ до ДУИ и ВМРО ДПМНЕ не се однесуваа само на амандманите за Изборниот законик туку и за амандманите на оние законски решенија кои се клучни за реформските процеси како и за решавањето на судбината на предметите од СЈО и обвинителите кои работеа на нив.