Поднесена и првата кандидатура до Бихаќка за шеф на државата
Foto

Поднесена и првата кандидатура до Бихаќка за шеф на државата

Пристигна првата кандидатура за шеф на државата и до Бихаќка. Поранешниот и неколку кратен амбасадор на земјава, но и Доктор на науки Ѓорѓи Филипов кој е и член на Европската академија за науки и уметности, официјално денеска ја побара поддршкарта од СДСМ и коалициските партнери во власта за да биде претседателски кандидат. Иако вели прашањето за консензуален претседател различно се толкува во јавноста сепак вели неговите ставови се поблиски до владејачката СДСМ но тоа не значи и селективен пристап кон останатите граѓани кои имаат поинакви политички гледишта и определби. Филипов вели се пријавил на овој конкурс токму поради неговите сфаќања но и сериозниот пристап кон претседателската функција.

„Моите капацитети што ги располагам се доволни за да имам поддршка од сите келии. Ќе  разговарам со членовите на СДСМ и нивни основни организации за тие кои не ме познаваат, за да ме запознаат. одлуката ќе биде на СДСМ.“ - вели Ѓорѓи Филипов Кандидат за претседател.

Огласот на Бихаќка се уште е отворен и кандидатите ќе можат да се пријавуваат се до 19 ти февруари. На трети март а можеби и порано , ќе биде објавено и името на избраниот. И натаму во игра се партиски кандидати но и консензуален кандидат со ДУИ. Од Мала Речица пак велат остануваат отворени за соработка за консензуален кандидат иако се уште конкретни имиња не спомнуваат. ВМРО-ДПМНЕ пак веќе има девет кандидати а нивните делегати вистинскиот ќе треба да го изберат на конгресот во Струга во сабота.

0 Коментари

Остави коментари