Поднесен предлог за поведување дицисплинска постапка против негувателките во градинката во Гевгелија

Десетмесечното бебе во гевгелиската градинка било повредно при пад во игра со останатите деца. Гребнатинките биле веднаш санирани од страна на негувателите задолжени во групата за кои директорката поднела предлог за поведување дисциплинска постапка.

Вака соопшти Министерството за труд и социјална политика откако денеска испрати инспектори во клонот Цветови во градинката во Гевгелија каде во вторникот се случил инцидентот а за кој реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ

„Директорката на Јавната општинска установа за деца- детска градинка ДЕТСКА РАДОСТ – Гевгелија, поднела предлог за поведување на дисциплинска постапка против  негователкит и донела Решение за формирање на комисија за утврдување на повреда на работната дисциплина. При вонредниот инспекциски надзор е утврдено дека директорот постапил согласно одредбите од Законот за заштита на децата.“ - стои во соопштението од МСТП.

Од таму ги демантираат изјавите на пратеничката  Ангелина Митева дека станува збор за брутално претепано дете и апелираат децата да не се користат и злоупотребуваат за политички цели. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Министерството да ги врати ингеренциите над градинката на општина Гевглеија и да одговараат сите вклучени за инцидентот во вторникот

Настанот се случи во клонот Цветови а вчера таткото на десетмесечното бебе случајот го приајвил и во полиција. Од среда детете не е во градинка бидејки како што соопшти  министерството тоа со мајка му отпатувале за странство што било најавено претходно кај негувателките.