Подигнувањето на свеста за органодарителство

Тежок и исцрпувачки за пациентите е животот на дијализа. Сонуваат за денот кога ќе се тргнат од машините за кои се врзани по околу пет часови дневно, два до три пати во неделата.

Болно е и за семејствата кои сакаат но не можат да променат ништо вели Гордана Лолеска мајка на дете со ретка болест и претседател на здружението " Ретко е да си редок". Во Македонија бубрежната болест е застапена кај десет отсто од населението, а на дијализа се околу 1.500 пациенти. 

Спасот е во трансплантацијата.Во државава околу 150 луѓе чекаат за пресадување на бубрег. Секоја година се повеќе се зголемува бројот на пациенти кои имаат некое бубрежно заболување.

Од Здруженијата на бубрежно болни информираат за повеќе добиени битки со системот,стигнале до поквалитена дијализа, но горлив проблем и натаму останува недостигот на лекови и тоа што не се воведуваат нови. Велат потребна е и поголема кампања за подигнување на свесноста за кадаверична трансплантација, односно пресадување на орган од мртов донор.