Подигнато спомен обележје во Радовиш за загинатите полицајци од 2001
Foto

Подигнато спомен обележје во Радовиш за загинатите полицајци од 2001

Денеска во Радовиш пред полициската станица беше откриено спомен обележје во чест на Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев кои како полициски службеници животот го загубија во конфликтот од 2001. Обележјето е подигнато со средства на општина Радовиш и МВР кои го симболизира нивната пожртвуваност за татковината. Пред спомен обележјето, роднини пријатели и преставници на институции полоижија свежо цвеќе, а од здружението на бранители апелираа до државните институции да не се заборават децата на загинатите бранители кои со закон мора да бидат вработени.

 

0 Коментари

Остави коментари