Подигање на свеста против говорот на омраза
Foto

Подигање на свеста против говорот на омраза

На скопска школка, одржан јавен настан по повод подигање на свеста против говорот на омраза

„Блокирај ја омразата, сподели љубов“, беше мотото на денешниот настан по повод говорот на омраза, што се одржа во Градскиот Парк, на платото на скопска школка. На јавниот настан организиран од Канцеларијата на Европската Унија во Македонија и од Советот на Европа,  учествуваа млади ентузијасти и активисти како дел од кампањата за подигање на свеста против говорот на омраза, феномен се’ повеќе присутен во македонското општество, но и на глобално ниво.

Говорот на омраза е најприсутен на социјалните мрежи. Луѓето сe’ почесто го препознаваат, но сеуште нема поенергична реакција на оваа појава, како од самите граѓани, така и од институциите на државата. До сега за говор на омраза се имаат изречено само неколку пресуди и тоа не е доволно за ваквиот феномен на новото време. Борбата мора да продолжи на сите нивоа, од осуда на ваквата појава, до подефинирана санкциона политика.

Кампањата „Блокирај ја омразата, сподели љубов“, се спроведува во рамки на проектот Промоција на разноликоста и еднаквоста во Македонија, кој е дел од програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022″, финансирана од Европската Унија и Советот на Европа.

0 Коментари

Остави коментари