Подготвеност за уставни измени?!
Мицкоски со директна порака до Мицотакис и Радев дека доколку имаат одредени забелешки кон земјата нека ги решаваат институционално а не само преку политички пораки и популизам.
На маргините на Европската политичка заедница на средбата со Радев дискутирале и за изнаоѓање на некакво заеднички решение но како што посочи Мицкоски за сега во Софија не гледа политичка воља со оглед на тоа дека имаат свои приоритети при обидот да формираат нова влада а како што потсети премиерот владата останува на ставот за одложена примена на уставните измени.
Откако Мицотакис пак побара јасен став и изјава од македонската влада и премиерот во врска со Преспанскиот договор Мицкоски денеска со порака и до него. Доколку смета дека нешто не е испочитувано има можност да си го ангажира правниот тим и адвокатите и да се обрати до меѓународните судови.
Овие пораки на Мицкоски доаѓаат на само еден ден по Самитот на Европската политичка заедница во Лондон каде покрај средбата која ја имал со Радев имаше средби и со државниот секретар за надворешнио работи Обединетото Кралство Дејвид Лами, но тука беа и средбите со украинскиот претседател Зеленски, претседателот на европскиот совет Шарл Мишел, германскиот канцелар Шолц, унгарскиот премиер Орбан но во агендата беа и средбите со Пленковиќ, Вучиќ и Милатановиќ.