Подгорец да биде урнек за сите писатели, Струмичани организираа книжени средби
Foto

Подгорец да биде урнек за сите писатели, Струмичани организираа книжени средби

 Во чест на Видое Подгорец најплодниот писател за деца, патеписец и раскажувач, деновиве во Струмица и неговото родно Колешино се собраа сите кои директно или индиректно се вклучени во детското литературно творештво. Неговиот лик и дело треба да биде потстрек за нови творечки достигнувања, но и да се мотивираат најмладите да се дружат со книгата и пишаниот збор. 

„Да го приблииме она што го напишал и да ги испровоцираме младите да пишуваат. Оваа манифестација има за цел да го стимулира детсткото творештво и нови автори кои ќе пишуваат за деца.“ - вели Ксенија Магзалова Трајчевска – Просветно дело. 

По неколкугодипна пауза повторно оживеаја „Средбите под јаворите“. Манифестацијата што се посветена за Видое Подгорец кој зад себе има 108 дела писател со чии раскази израснаа сите деца во Македонија. 

„Мотивите и пораките од неговото дело се во допир со реалноста со која детето треба да се соочи, да живее во неа и да се бори. Таква трезвеност во пристапот кон децата и во калкулирањето со детскиот аспект не се среќава кај друг писател. “ - вели д-р Ана Витанова Рингачева – професор по книжевност. 

Творештвото на Подгорец треба да биде урнек за сите писатели оти ги презентира сите можни начини на литературно реално искажување. 

„Автор кој ги имаше моќните енергии на зборот и знаеше да ги отклучи внатрешните сетивни творешки напливи и од нив да трансформира исказ. “ - вели д-р Мито Спасевски - професор на филолошки факултет. 

Во рамките на манифестацијата се одржаа научни и креативни работилници а беа доделени и наградите за најмладите писатели, бидејќи за ова манифестација стасаа 600 литературни творби од сите училишта во земјава.

 

0 Коментари

Остави коментари