Под ведро небо ќе се одржи 35-то издание на „Макфест“
Foto

Под ведро небо ќе се одржи 35-то издание на „Макфест“

Вечерва под ведро небо ќе се одржи 35-то издание на „Макфест“. На неколку часа пред почетокот течат последните подготовки. Организаторите велат дека фестивалот се одржува на отворено поради Ковид мерките и ќе се почитуваат сите здравствени протоколи.

Годинава ќе има две вечери, од кои едната е ревијална и ќе бидат изведени хитови од фестивалот, додека утре ќе биде натпреварувачката вечер во која ќе бидат слушнати 24 композиции.

35. роденден фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ ќе го слави на отворено. Поради пандемијата и посебните протоколи за вакви настани од традиционалната сцена од Домот на културата, фестивалот се сели на плоштадот во Штип. Вечерва е ревијалната вечер на која осум македонски пејачи ќе испејат познати хитови од фестивалот.

Втората вечер ќе биде натпреварувачка и на неа ќе настапат 24 изведувачи. Годинава нема да се додели наградата за најдобра интерпретација бидејќи натпреварувачката вечер поради здравствените протоколи што бараат посебен микрофон за секој изведувач ќе биде на плејбек. Распоредот на пеење годинава го направи уметничкиот директор на „Макфест“.

Останатите награди остануваат исти како и лани. 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ и 1.000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобар аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант. 

По втората фестивалска вечер за време на гласањето свое шоу ќе има и Игор Џамбазов со Гуру Харе, а со одлука на општината сите угостителски објекти за време на одржување на фестивалот ќе имаат продолжено работно време.

0 Коментари

Остави коментари