Под слоганот „Обединети во слободата“ Македонија одбележува триесет и една година независност

31 година независност на државата. Државниот врв и опозицијата обединети во честитките и желбите за подобро утре но со различен пристап како да се стигне до тоа.

Ниту денеска во своите пораки не отстапија од партиските ставови и лидерите на партиите кои ги претставуваат. Владата под мотото Обединети во слободата пак преку културни настани и манифестации со пораки Македонија нема друга алтернатива освен европската а време е поделеното општество да се сплоти и да исправи пред предизвиците. 

Опозицискиот лидер Мицкоски пак во својата честитка не пропушти прилика уште еднаш да се осврне и на последната иницијатива за референдумот. 

- Гласот на референдум ја направи Македонија независна. Гласот на референдумот ќе ја направи Македонија достоинствена. Пред 31 година одлучивме да бидеме независни, иако и тогаш многу не беа среќни со нашата одлука. Сега, 31 година подоцна стоиме пред ист предизвик. Со референдум да ја зачуваме државата пред обидите за уцени и асимилација, а да продолжиме по патот за Европската унија. Гласот тогаш беше храброст. Гласот сега ќе е храброст.

Традиционално како и секоја година така и годинава голем број на домашни но и странски делегации положија цвеќе во алеата на великаните пред вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Доделени беа и ордени на заслуги на најзаслужните а ширум земјата беа организирани и повеќе културни манифестации и изложби на кои граѓаните можеа да присуствуваат.