Почнуваат преговорите со „Бехтел и Енка“ за автопатите на Коридорите 8 и 10-д, годинава старт на изградбата

Очекуваме оваа година да започнаме градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8 И Коридорот 10-, рече денеска министерот за транспорот и врски Благој Бочварски, по потпишувањето на договорот со италијанската ИРД инженеринг, компанијата избрана за надзор и правен трансакциски советник за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.