Почнуваат преговорите меѓу Иран и САД
Во Пакистан денеска почнуваат клучните преговори меѓу сад и иран чиј исход ќе ја одреди иднината на Блискиот исток. Пакистанските власти следните два дена ги прогласија за државен празник, улиците во Исламабад се речиси празни, а армијата го контролира пристапот до делот од градот каде ќе се сретнат двете делегации.
Америка ја предводи потпретседателот на САД, Џej Ди Венс, заедно со специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер. Уште пред да почне средбата Доналд Трамп се закани дека САД се подготвени за нови напади доколку преговорите не доведат до конечен договор...
Доналд Трамп – претседател на САД
„Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата муниција и со најмоќното оружје некогаш направено. Ако нема договор, ќе ги употребиме многу ефикасно.“
Иранската делегација во Исламабад се состои од 71 лице а ги предводат Мохамед Бакер Калибаф, претседател на иранскиот парламент, и министерот за надворешни работи, Абас Аракчи...Авионот што ја превезуваше Иранските претставници носеше фотографии и дел од личните работи на иранските ученици убиени на почетокот на војната на 28 февруари...Иако влогот е голем, Техеран не се надева дека преговорите ќе донесат поместуување на моменталните позиции...
Абас Арагчи – министер за надворешни работи на Иран
„Имаме добри намери, но не веруваме. Нашето искуство во преговорите со Американците отсекогаш било обележано со неуспеси и прекршени ветувања. “
И покрај пораките од двете страни дека нема да има поместување на позициите, аналитичарите сепак сметаат дека состојбата е сосема поинаква и дека и Техеран а пред се Вашингтон, сакаат крај на војната...
Алан Ајри – главен преговарач на САД за нуклеарниот договор со Иран од 2015 година
„Мислам дека Трамп е сериозен во преговорите поради една едноставна причина. Блокадата на Ормутскиот теснец. Како што поминуваат деновите, притисокот е се поголем. И со секој изминат ден, економската криза на глобално ниво се зголемува а тоа води и до сериозни домашни политички последици. Трамп сака ова да заврши, но тоа ќе биде многу тешко бидејќи Иран пронајде нов метод на одвраќање. “
Во меѓувреме, израелската армија продолжува со нападите врз Либан...Иако следната недела, Израел и Либан ќе започнат официјални мировни преговори, Хезболах, порача дека ќе продолжи војната Израел и отфрлија какво било враќање на претходната состојба додека траат борбите.

