Почнуваат преговори за реконструкција на Влада - Вреди и ЗНАМ очекуваат да ги задржат сегашните позиции

Изет Меџити и Биљал Касами од Вреди, Максим Димитриевски од ЗНАМ ќе седнат од следната недела на заедничка маса со премиерот Христијан Мицкоски да разговараат за новиот реконструиран владин состав на Илинденска . 

Нивна придружба на средбата ќе бидат генералните секретари на партиите или  координаторите на пратеничките групи велат  коалициските партери на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Владат пак за ТВ 24 само кратко и денеска велат 

Влада на Р.С.М 

- Преговорите со коалициските партнери почнуваат од следната недела . По кадровските освежувања во ВМРО ДПМНЕ премиерот Христијан Мицкоски од следната недела  во разговорите со владините коалициски партнери ќе ја слушне  визијата, да видиме дали таа  се поклопува  и со останатите коалициски партнери , па во зависност од тоа понатаму може да се дискутира  за кадровските  структури . Се разбира за сите тековни активности и исходи од разговорите медиумите тековно ќе бидат информирани.

Коалициските партнери на ВМРО ДПМНЕ  Вреди и  ЗНАМ кои ТВ 24 ги контактираше и денеска велат очекуваат да ги задржат сегашните ресори. Вреди очекуваат да го задржат и министерството за за социјална политика кое го држеше Лимани.

ВРЕДИ 

- Нашата позиција е дека треба да ги задржиме сите сегашни ресори . Можни се ротации но нашиот став  е дека Вреди треба да ги задржи своите министерства  вели за тв 24 функционер од Вреди.

 Во моентов официјалните разговори за реконструкција со мандатарот и коалициските партнери не се почнати велат и од ЗНАМ но како каолициски партнер очекуват и тие  да ги задржат министерствата . Во разговор за ТВ 24 Максим Димитриевски само кратко вели:

ЗНАМ 

- ЗНАМ  како партнер во владата очекува да ги задржи ресорите со кои раководи веќе две години. На состанокот со премиерот  ќе присуствувам, јас и во зависност од форматот или партискиот генерален секретар или координаторот на пратеничката група.

Димитриевски вели дека  заминувањето на Филков од ресорот правда е целосна шпекулација .  Во јавноста веќе се отворија низа прашања и шпекулации кој ќе седне и во ресорот добро владеење од кој оставка поднесе Арбен Фетаи . Ќе има ли промени и кај министерствосо за социјална политика демографија и млади откако Лимани посочи дека веќе не се чувствува како дел од ВРЕДИ кои пак тврдат дека тоа министерство им припаѓа ним. Се шпекулираше и за можни ротации односно дека не се исклучува можноста вицепремиерот Беким Сали  да седне и во здравство.

Сепак во голема мера дали реконструкцијата ќе биде мала или голема ќе зависи и од можноста и плановите на владата за  евентуалните предвремени парламентарни избори за кои премиерот веќе неколку пати посочи дека се наближуваат и дека може да бидат и следната година па од тука не се исклучува можноста оваа реконструкција да биде помала иако се оечкуваат и нови имиња особвено од ВРЕДИ за веќе споменатите министерства.