Почнуваат плановите за Нова година

Во пресрет на предновогодишните празници угостителите со полни раце работа. Понудите се подготвени останува изборот согласно семејниот буџет. Аркан Ќерим, претседател на Туристичко-угостителската комора Сојузот на стопански комори вели дека согласно стандардот во државата се прилагодени и цените за граѓаните.

Понудите се огромни и различни зависи од изборот дали тоа ќе ќе е Тирана, Белград Софија или некоја друга поатрактивна дестинација. 

Во целата слика за туризмот од клучно значење е и улогата на општините, особено градот Скопје, кои треба да инвестираат во чиста и урбана слика а не да с епотоне во ќубре и стаорци кои особено кај странските туристи ги одвраќа таквата состојба и создава лош имиџ за Македонија.

Ќерим потенцира дека особено е важно државата да започне навремено со промоција на туризмот бидејќи се доведува во прашање дали Скопје ќе успее да биде Европска престолнина на културата или ќе се потврди она на што години наназад се случува а тоа е град на застојот. 

 

Македонија може да живее од туризмот и да стане водечка стопанска гранка како што е во Хрватска, Грција, Албанија и Србија и во други земји. Многу работи во туризмот не сме ги искористиле вели Ќерим и потенцира дека треба добра стратегија за привлекување како на домашни така и на странски туристи.