Почнуваат истражувањата на „Била зора“
По неколкугодишен мораториум на Била зора повторно ќе се истражува. Истражувањата ќе ги координира Филозофскиот факултет од Скопје.
Од таму велат штета е да остане под земја еден од најзначајните локалитети во Европа, што бил престолнина на пајонците, а може да привлече и научници и туристи.
Од локалната власт во Свети Николе велат дека иако не се надлежни ќе лобираат што поскоро да заврши процесот на експропријација на земјиштето за непречено да продолжат истражувањата бидејќи целата престолнина се протега на 32 хектари.
Локалитетот можеби е значаен, но откопувањето досега не му донесе многу добро. Скалилата што се единствени на Балаканот по начинот на градба се изронети, а пред неколку години падна и една од фреските на ѕидовите.
Тоа се случи затоа што со години на локалитетот се истражувало, но тој бил само превентивно заштитен, што е далеку е далеку од доволно за да го спаси од забот на времето. Од Министерството за култура при презентација на буџетот најавија дека елаборатот е готов и конзервацијата на истраженото почнува годинава.