ПОЧНУВА УПИСОТ НА УКИМ, СЛОБОДНИ 10 710

Најстариот и најголем универзитетот во земјава, „Св. Кирил и Методиј“ ги отвори вратите за новите бруцоши. Уписите траат денеска и утре. Во првиот уписен рок за додипломски студии според конкурсот, слободни се вкупно 10 710 места.
Од нив, во квотата за редовни студенти има 5402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4273 и за вонредни студенти слободни се 1035 места. Надоместот што ќе го плаќаат редовните студенти е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни студенти ќе плаќаат по 400 евра. За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември. Учебната година за студентите почнува на 1 октомври. На универзитетот „Св. Климент Охридски“-во битола во новата академска година може да запишат 2.935 студенти, од кои 1.575 во државната квота, 820 со кофинансирање и 540 вонредни студенти.