Почнува третото коло во групната фаза на Европското првенство

 

Почнува расплетот во првата од шесте групи на Европското првенство, а денес ќе го дознаеме конечниот поредок во групата „А“ каде што се Германија, Швајцарија, Шкотска и Унгарија.

Натпреварите ќе се играат во ист термин од 21:00 часот. Германија и Швајцарија разигруваат за првото место во групата. Германците го обезбедија пласманот во осминафиналето, скоро сигурни се и Швајцарците и треба чудо да се случи за да не играат во нокаут фазата.

 

Германија има два бода повеќе од Швајцарија на првото место и јасно е дека и бод и одговара за да ја обезбеди лидерската позиција и подобра позиција за нокау-фазата.